117
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги обвини руските војници за воени злосторства и убиства на цивили во Херсон, град кој минатата недела беше вратен од украинската армија по повлекувањето на Русија.
„Истражителите веќе документираа повеќе од 400 руски воени злосторства. Пронајдени се тела на загинати цивили и војници. Руската армија зад себе остави траги на дивјаштво, како и во другите региони на земјата низ кои минуваше“, рече Зеленски во видео обраќањето во текот на ноќта, пренесува „Ројтерс“.
Русија негира дека нејзините војници намерно ги загрозувале цивилите.