120
Премиерот на Албанија, Еди Рама утрово пристигна во Скопје во пресрет на заедничката владина седница на Македонија и Албанија.
Рама беше пречекан пред платото на Владата од страна на сите членови од Владата, како и премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни и воени почести. Притоа беше интонирана албанската химна од воениот аркестар при АРМ.
Рама е придружуван од министрите кои се дел од неговата влада.
На меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на договори и меморандуми од страна на министрите на двете влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји.
После седницата предвидена е и прес-конференција на двајцата премиери.
Ова е втора заедничка владина седница меѓу двете земји.