АД ЕСМ произведе 12.553 мегават час електрична енергија изминатото деноноќие

од Nikola Popovski
122 прегледи

АД ЕСМ на 13.11.2022 година произведе 12.553 MWh електрична енергија, информираа утрово од Владата.

Од таму додаваат дека во термоелектраните произведени се 7.706 мегават час, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.847 мегават час.

-Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 2.400 MWh електрична енергија. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 13.11.2022 година, стои во соопштението на Владата.

Слични содржини