Одложен изборот за нов шеф на Вишото скопско јавно обвинителство

од Nikola Popovski
131 прегледи

Советот на Јавни обвинители изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје го одложи за следната недела, в понеделник. Почетокот на денешната седумдесетта седница на Советот на ЈО, на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, доцнеше час и половина, а кога стигна оваа точка, беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите.

На огласот за избор има тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи.

Претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата, рече дека и доцнењето на денешната седница, било токму поради тоа за членовите да ги разгледаат досиејата и да може денеска да биде завршен изборот.

На денешната седница единствено беше донесена одлука за именување на новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Тој ја доби целокупната поддршка од членовите на Советот.

Слични содржини