Петличкоски не очекува нови епидемиолошки мерки: „Лани имавме 3.500 инфицирани со Ковид, оваа есен 189“

од Mimi Spasovska
325 прегледи

Во Македонија паѓаат бројките на новозаразени со Ковид-19 и поради тоа не се очекува да има нови епдемиолошки мерки, туку напротив, оваа зима луѓето во автобуси и продавници да се движат слободно, без да држат меѓусебно растојание, како што беше случај пред пандемијата.

Овој месец Ковид е потврден кај 189 лица во земјава додека во споредба со лани имало 3503 инфицирани случаи, изјави за „Локално“ Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличкоски.

– Многу сме далеку од ланската состојба, и никако не може да се спореди состојбата сега со времето како кога почна пандемијата. Сега сме 44 недела. На неделно ниво имаме 189 позитивни случаи, а лани сме имале од 3.503. Многу сме далеку од ситуацијата во изминативе две години. Oва се најдобрите бројки до сега со исклучок на летото 2021 кога состојбата била најдобра, но ова никако не може да го споредиме со есента лани, ова е многу подобра состојба”, вели Петличкоски.

Александар Петличкоски

Александар Петличкоски

Бројките со ковид 19 паѓаат и на неделно ниво.

Според најновите здравствени податоци, оваа недела на болничко лекување се 25 лица, а само тројца се на кислородна поддршка. Тоа е пад од  5 проценти на бројот на хоспитализирани во споредба со минатата недела дополни.

Претседателот на Комисијата за заразни болести вели дека во овој момент намерата на епидемилозите е да не се воведуваат нови епидемиолошки  мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен.

– Нема влошување на состојбата и затоа не размислуваме во овој момент за нови мерки, кажа Петличковски.

„Прва нормална зима како пред пандемијата“

Ова ќе биде прва зима по есената 2019 во која нема да има посебни мерки и луѓето ќе живеат нормално, се очекувањата, пак, на Професорот Никола Пановски.

Никола Пановски

Никола Пановски

– Ковидот ќе биде тука заедно со другите вирусни инфекции кои се вообичаени за секоја зима кога луѓето престојуваат повеќе во затворен простор. Вирусите ќе бидат тука, ќе поминуваат со различна клиничка слика, но нема да предизвикуваат таква хоспитализација да има проблеми во болниците и пренатрупани кревети. Ќе биде нормалана зима како пред пандемијата, изјави професот Пановски за „Локално“, дополнувајќи дека со прележувањето „луѓето стекнаа имунитет“.

Во Европа и светот зголемување на бројот заболени

Во меѓувреме во светот благо зголемување на бројот на новозаразени со Ковид 19 има во Германија и во САД. Дел од британските медиуми пак објавија дека деновиве Кина регистрирала 17.909 случаи со Ковид-19, а од нив 1.661 со и 16.248 без симптоми.

– Внимателно ја следиме ситуацијата. Во Германија и САД има благо зголемување на бројките, но само на позитивни случаи, се уште нема оптоваруавање кај клиничкиот тек. Политиката што ја води Кина за нулта-ковид се покажува неодржлива. Имунитетот што ни го дава прележувањето на болеста се покажува како подобар од ограничување на движењата и локдауни, Петличкоски.

Инаку вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387.

М.С.М.

Слични содржини