Нови детали од аферата „Паразити“: Директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство има плата од 203.000 денари

од Nikola Popovski
149 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе нови детали за аферата „Паразити“.

-Дел од аферата Паразити е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно. Односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДСМ тоа се 3300 евра, соопштија од најголемата опозициска партија.

Според партијата, „јавноста ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа“.

-Дел од аферата Паразити е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра. Никола Љушев како дел од УО на Телеком зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За година дена тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра. Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра, изјави денеска на прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ја отвори аферата „Паразити“ и почна со изнесување податоци за висината на месечните примања на дел од директорите во М-НАВ.

Слични содржини