Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во петок 18-ти ноември ќе одржи седница со дневен ред: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.
Директорот на АНБ Виктор Димовски ќе оди на службен пат во Брисел за што го известил претседателот на собраниската надзорна комисија Љупчо Пренџов.
Првично седницата беше закажана за во среда 16-ти ноември.
Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквистријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.
САД го ставија Олександр Онишченко на црна листа поради ширење на дезинформации и поткопување на демократијата во пресрет на последните американски претседателски избор.