Кристина Еплгејт за првпат се појави во јавноста откако ѝ беше дијагностицирана тешка болест – мултиплекс склероза.
Познатата актерка Кристина Еплгејт, која многумина ја паметат по улогата на Кели од хит серијата „Брачни води“, пред два дена најави дека улогата во новата серија би можела да ѝ биде последна. Причината е се потешката борба со мултиплекс склероза, што значително ѝ го отежнува секојдневното функционирање.
Кристина се појави во Лос Анџелес за да ја открие својата ѕвезда на Булеварот на славните. Актерката одеше со бастун и се држеше за пријателите кои дојдоа да го одбележат овој посебен момент, а сите забележаа колку е емотивен овој момент.
Инаку, оваа болест минатата година ѝ беше дијагностицирана на Кристина Еплгејт, а потоа им се обрати на своите фанови со емотивна порака.
„Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана МС. Ова ќе биде чудно патување. Но добив толку голема поддршка што многу ми значи. Беше тешко. Како што сите знаеме, животот продолжува. Како што рече еден од моите пријатели со МС: ‘Мораме да се засилиме и да ги преземеме работите во свои раце’. И тоа е она што го правам. Затоа барам приватност во моментов, додека поминувам низ ова. Ви благодарам на сите“, напиша Кристина на Твитер