Предлог за утврдување дали Ѓукановиќ го прекшил Уставот

од Destan Jonuzi
370 прегледи

Четириесет и еден пратеник од старо-новото мнозинство во Собранието на Црна Гора денеска поднесоа Предлог за покренување постапка за утврдување дали црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го прекршил Уставот.

Како што објави црногорскиот весник „Вијести“, Демократски фронт (ДФ) таква иницијатива поднесе на 23 септември, но претседателката на Парламентот Данијела Ѓуровиќ им ја врати на ревизија бидејќи, како што наведе, содржела комбинирана предлог за две постапки (за прекршување на Уставот и разрешување).

Парламентарното мнозинство оценува дека Ѓукановиќ го прекршил Уставот при постапката за предлагање пратеник за Собранието, бидејќи не ги повикал на консултации сите претставници на политичките партии застапени во Парламентот.

Кандидат на мнозинството за мандатар е лидерот на Демос, Миодраг Лекиќ.

Слични содржини