Две лица загинаа во експлозија во Пржеводов, село во источна Полска во близина на границата со Украина, соопштија во вторникот пожарникарите.
Две залутани ракети паднале во вторникот во селото Пржеводов во провинцијата Лублин во близина на границата со Украина, неофицијално дознава Радио ЗЕТ.
BREAKING – Radio Zet: Two stray rockets fell in the town of Przewodów in Poland on the border with Ukraine. They hit the grain dryers. Two people died. The police, the prosecutor's office and the army are on site. https://t.co/WhAoxH7YQc pic.twitter.com/9VhnoZwl81
— Faytuks News Δ (@Faytuks) November 15, 2022
Удриле во магацин за жито, а две лица загинале, јавуваат полските медиуми. На местото на настанот се полицијата, обвинителството и армијата.
Новинар на АП напиша дека висок американски функционер потврдил дека руски ракети ја преминале границата и влегле во Полска.
Полски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека сè уште ништо не е потврдено и дека истрагата за инцидентот е во тек.
#BREAKING WARSAW, Poland (AP) — A senior U.S. intelligence official says Russian missiles crossed into NATO member Poland, killing two people.
— James LaPorta (@JimLaPorta) November 15, 2022
„Причините за овој инцидент во моментов се непознати“, рече портпаролот на окружниот штаб на Државната противпожарна служба во Хрубишов, постариот капетан Марцин Лебиедович, во интервју за Радио Лублин.
„Пожарникарите се на местото на настанот, не е јасно што се случило“, изјави Лукаш Куси, дежурен пожарникар во блиската противпожарна станица.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки свика итен состанок на владиниот комитет за национална безбедност и одбрана, објави владиниот портпарол на Твитер.
Premier @MorawieckiM zwołał w trybie pilnym Komitet Rady Ministrów do spraw Bezpieczeństwa Narodowego i spraw Obronnych.
— Piotr Müller (@PiotrMuller) November 15, 2022
Полска не е вклучена во војната меѓу Русија и Украина, но прифати милиони украински бегалци и од самиот почеток највисоката влада ја осуди инвазијата.
Во вторникот Русија ги бомбардира украинските градови со проектили. Киев ги опиша како најтешките ракетни напади во речиси девет месеци војна.