Апасиев: Двотретинско мнозинство за уставните измени е невозможно во овој состав

од Destan Jonuzi
177 прегледи

Актуелниот парламентарен состав нема да изгласа уставни измени за вметнување на Бугарите во него, на власта и недостасуваат седум пратеници кои нема да ги најде- вели за Канал 5 претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Единствено решение вели дека се предвремени парламентарни избори, а убеден е и дека Левица ќе добие многу повеќе пратенички мандати со што целосно би пропаднал планот за уставни измени.

-Тоа е “пиши крст-пропало”, нема уставни измени во овој мандат, а во идниот уште помалку. Затоа што во идниот мандат Левица ќе има двоцифрен број мандати и тогаш позициите ќе бидат многу подрастично променети. Нема да има уставни измени. Тие се ќе сторат за да останат на власт, тоа нас не не чуди, нашиот став е што побрзо избори – тоа подобро за државата, изјави Димитар Апасиев, претседател на Левица.

За обвинувањата од премиерот Ковачевски дека Левица е вистинска опасност за евроинтеграциите на Македонија, а Мицкоски е нивни заложник, Апасиев смета дека ваквите констатации се резултат на изедначување на рејтинзите на неговата партија и владејачката коалиција. Со ВМРО-ДПМНЕ не сме ниту во неформална коалиција, ниту во брачна заедница, туку за некои прашања како опозициски партии имаме слични ставови, вели Апасиев.

Слични содржини