ОСМА ДОЈАВА за бомба во неколку училишта во Скопје

од Nikola Popovski
159 прегледи

Осми ден како неколку средни училишта во Скопје добиваат закани за бомби. Во тек е евакуација на учениците и се почнува со проверка на објектите.

-Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

При секоја нова дојава, учениците и вработени беа евакуирани, а МВР вршеше проверка и истрага. Првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Засега нема индиции кои се можните сторители, иако полицијата и надлежните институции работат на откривање. Се претпоставува дека станува збор за хибридни закани.

Слични содржини