G-Power BMW M3 со 720 КС

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Германската тјунинг куќа G-Power понуди уште еден пакет за модификација на актуелниот BMW M3.

По минатогодишниот пакет од 700 КС, G-Power го засили 3,0-литарскиот твин-турбо мотор со шест цилиндри на 720 КС и вртежен момент од 850 Nm (максималната брзина сега е 320 км/ч).

Достапни се и нови тркала (од 20 и 21 инчи), посилни сопирачки, спортски издувен систем, модифицирана суспензија, заден спојлер и елементи од јаглеродни влакна во внатрешноста, а се најавува и хауба од карбонски влакна.