221
Северна Кореја денеска истрела нова ракета, а најверојатно станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, соопшти Јужна Кореја, еден ден откако Пјонгјанг лансираше помала ракета.
Јужнокорејското министерство за одбрана соопшти дека се чини дека ракетата е интерконтинентална балистичка ракета, која е оружје со најдолг дострел на Северна Кореја и способно да носи нуклеарна боева глава до која било локација на копното на САД.
За ова лансирање извести и јапонската крајбрежна стража, пренесува „Ројтерс“.