Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека прекин на огнот и мировни преговори се неопходни за да се реши конфликтот во Украина.
„Јасно е дека Европа постепено влегува во таа војна, на Унгарија се уште не е пукано, ова што го прави Европа е многу опасно, а опасноста за Унгарија ќе расте“, истакна Орбан, пренесе агенцијата МТИ.
Унгарија го зборува јазикот на мирот, но никој друг не ја следи таа политика, посочи Орбан.
Тој изјави за унгарското државно радио дека политиката на санкции против Русија е уште еден чекор кон војна, бидејќи секој што интервенира во конфликтот користејќи санкции, исто така, зазема позиција на поддршка на една од страните, а со тоа го интензивира конфликтот.
Според него, Унгарија никогаш не ја поддржала политиката на санкции и нема да ја поддржува во иднина.