Каевски: Mицкоски инкасирал над 50.000 евра народни пари

од Nikola Popovski
128 прегледи

Мицкоски како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра, обвини пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој изјави за уште еден случај, на како што вели, „богатење со народни пари“.

-Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 20.00 евра пари од граѓаните. Тоа е потврдено и со официјални документи, изјави Каевски на денешната прес-конференција и праша:

-Дали од овие народни пари, Мицкоски си изгради хидроцентрала и основаше компании? Во наредните денови јавноста ќе дознае и за други лица, блиски соработници на Мицкоски кои паразитски се богателе на сметка на граѓаните, дополни Каевски.

Слични содржини