Следниот Volkswagen Golf би можел да се вика ID.Golf

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Некои извештаи од Германија во последниве месеци сугерираат дека сегашниот Volkswagen Golf би можел да биде последен бидејќи компанијата се фокусира на електрични возила.

Меѓутоа, во новото интервју за британскиот Autocar, управниот директор на патничките автомобили на Volkswagen, Томас Шефер, посочи дека тоа не е така.

Како што истакна, „Ние воопшто не би го напуштиле името Golf“.

Шефер понатаму објасни: „Имаме легендарни брендови, Golf и GTI. Би било лудо да ги оставиме да умрат“. Сепак, имињата би можеле малку да се променат, така што следната генерација на електричниот модел потенцијално би можел да стане „ID.Golf“.

Во врска со ова се поставува прашањето што ќе биде со ID.3. Шефер тврди дека има простор двата модели да се продаваат рамо до рамо бидејќи ID.3 „никогаш не бил наследник на Golf, тоа е повеќе Golf Plus“.

ID.Golf може да се смести под ID.3, додека ID.Golf GTI и евентуалниот ID.Golf R би можеле да им се допаднат на ентузијастите.

Сепак, ваквите промени се уште се далеку бидејќи Volkswagen работи на рестилизиран Golf, а се очекува моделот од осмата генерација да остане во продажба уште пет-шест години.