Столтенберг: Мора да се избегне ескалација, НАТО и КФОР остануваат во состојба на готовност

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека разговарал со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и дека се разочарани што спорот меѓу Србија и Косово за регистарските таблички не е решен.

Столтенберг на Твитер изјави дека сега мора да се избегне ескалација.

„Разговарав со Жозеп Борел. Разочарани сме што не беше можно да се реши спорот со регистарските таблички. Сега е време за одговорност и прагматични решенија. Мора да се избегне ескалација. НАТО и КФОР остануваат во состојба на готовност“, рече Столтенберг.

Слични содржини