Mercedes ќе ја претстави новата класа Е следната година (модел 2024), но благодарение на слики од Кина предвремено имаме можност да го видиме неговиот преден дел (кој очекувано наликува на поголемата S класа), како и внатрешноста.
Контролната табла е откриена речиси целосно, давајќи ни поглед на големиот квадратен инфозабавен систем.
Очекуваме неколку верзии во гамата, вклучувајќи 2.0-литарски четирицилиндричен бензински турбо мотор, како и 2.0-литарски дизел и plug-in хибриден погон.
Новата Е-класа треба да биде промовирана на почетокот на 2023 година, по што ќе следи уште еден plug-in хибрид, E53 E-Performance, кој очигледно ќе има 500 kW/680 КС и 750 Nm вртежен момент.