РАПЕРОТ Канје Вест откри дека продава дуксери од Balenciaga, Adidas и Gap за само 20 долари.
Сите три бренда ги прекинаа врските со раперот откако тој даде серија антисемитски коментари, поради што неговата вредност опадна за речиси една милијарда долари. Но, Канје е насочен кон поголеми работи од модата, бидејќи тој вели дека сега произведува облека за неговата претседателска кампања во 2024 година.
Тој го објави ова во новото интервју за сајтот X17, во кое ја покажа својата канцеларија во Лос Анџелес. Многу од вработените на раперот биле видени како шијат облека.
„Одиме напред, она што го правиме овде е што исековме 100 дуксери од Yeezy, од Balenciaga, од работите што ги направивме во Gap, од работите што ги направивме во Adidas и сè што правиме ќе чини 20 долари“ рече Вест, а потоа зборуваше за неговата претседателска кандидатура.
„Мораме да обезбедиме секој да може да добие ист квалитет на храна, ист квалитет на вода, ист квалитет на образование, наставна програма, инженерство. Ние сме суштества со инженерски способности, поминуваме низ минатото. Фокусирани сме на иднината “, ја објасни раперот својата политичка програма.