Во однос на изборот на директор на АНБ, постапката за избор на директор на АНБ трае шест до седум месеци вкупно досега. Единствената причина зошто досега не е избран нов директор на АНБ е затоа што постои клановска битка во рамки пред се на владејачката СДСМ кој од клановите таму ќе наметне свој директор на АНБ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој на прес-конференција ги истакна и т.н. кланови.
-Еден клан е близок до министерот за внатрешни работи, друг клан е близок до генералниот секретар на партијата, трет клан е близок до поранешниот премиер, четврти клан е близок до актуелниот премиер. Четири клана се борат во рамки на СДСМ кој да наметне директор на АНБ и затоа му го направија тоа понижување на Виктор Димовски да дојде на комисија за контрола на АНБ и АР да предложи директор за внатрешна контрола и СДСМ партија на која е член, а бил и функционер да не му направи кворум на собраниската комисија што е прв пат во историјата на Собрание мнозинството само на себе да не си прави кворум, рече Николоски.
Тој очекува институциите да реагираат со одземање на државјанството на Онишченко.