Германскиот министер за економски прашања Роберт Хабек изјави дека економијата на земјата нема да ги напушти трговските односи со Кина, но дека кинеските инвестиции во критичните сектори мора внимателно да се испитаат.
– Нема показатели кои говорат против економските односи со Кина… но сè кажува дека не треба да ги затвораме очите и да се надеваме дека ситуацијата нема да стане тешка – рече Хабек на конференција организирана од весникот „Зидојчејтунг“ во Берлин, пренесува Ројтерс.
Коментарите на министерот дојдоа откако претставниците на германската индустрија критички реагираа на „протечениот“ нацрт на новата берлинска стратегија за Кина и повикаа на поголема политичка поддршка во диверзификацијата на трговијата и обезбедувањето клучни суровини.