201
Полските лидери денеска оценија дека најдобро би било противвоздушниот систем, кој Германија ѝ го понуди на Полска, да ѝ биде даден на Украина за одбрана од Русија, пренесува АП.
Германија претходно оваа недела соопшти дека ѝ понудила на Варшава авиони „Еурофајтер“ и системи „Патриот“ да ја бранат полската територија, откако две лица беа убиени во близина на границата со Украина, по падот на залутан украински проектил.
Одлуката на Полска да не го прифати германскиот систем „Патриот“ беше критикувана од полската опозиција.