Дир за Гладоморот: Геноцидот продолжува токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет

од Vladimir Zorba
150 прегледи

„Гладоморот е геноцид на украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на сталинистичкото комунистичко раководство со цел да се создаде вештачки глад во 1932-1933 година во Украина, како резултат на кој загинаа милиони и милиони луѓе“, изјави денеска Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија.

„Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, во својата суштина, беше и инструмент и механизам насочен кон истребување на украинската нација.

Гладоморот од 1932-1933 година во Украина е дел од спроведената крвава принуда на советскиот сталинистички режим.

Еден од првите што ја виде „системската природа“ на истребувањето на украинската нација беше светски познатиот адвокат Рафаел Лемкин, кој јасно ги издвои фазите на таквото истребување“, вели таа, цитирана од ЦИВИЛ.

„Поминаа 90 години од геноцидот наречен Гладомор, но сега – Ирпин, Буча, Лиман, Изум, Мариупол – сето тоа се посебни симболи на геноцидот извршен од постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

Вршејќи геноцид во Украина, членка на Советот за безбедност на ОН: го истребува цивилното население на Украина, убива, мачи, предизвикува тешки телесни повреди, насилно пренесува деца во руската федерација, намерно уништува станови, болници, училишта, цивилна енергетска инфраструктура во предзимскиот период.

Геноцидот продолжува токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет“, истакна таа.