219
Градинката „Детска радост“ од Гевгелија во демант на обвинувањата што денеска ги објави пратеничката Ангелина Петкова тврди дека во клонот „Цветови“ немало насилство над детето, туку повредите (гребаници на лицето) ги добило во „детска игра“.
Од градинката информираат дека за случајот го известиле Министерството за труд и социјална политика од каде ќе биде извршена инспекциски надзор. Во демантот до медиумите потпишан од директорката Елизабета Стефановска уште се вели и дека во излагањето на Петков било очигледно дека таа била загрижена за тоа што на градоначалникот на Гевгелија му биле одземени ингеренциите над „Детска радост“ од МТСП.