221
Ќерката на Мелинда и Бил Гејтс го чека своето прво дете со сопругот, египетско-американскиот џокеј Најел Насер.
Џенифер Гејтс (26) ја објави радосната вест на Денот на благодарноста споделувајќи слика на која е во поодмината бременост. Познатата наследничка и нејзиниот три години постар сопруг се венчаа минатата година.
Како што изјави за „Вог“, беше тежок предизвик да се организира прославата поради пандемијата и семејните околности, имајќи предвид дека нејзините родители во тоа време веќе биле разведени, по повеќе од две и пол децении брак.
Прославата траеше два дена, ја организираше експертот за венчавки Марси Блум, се чинеше околу два милиони долари, а меѓу многуте познати гости беа Кевин Бејкон, Леброн Џејмс и Били Џоел.