Столтенберг: Ако Путин победи во Украина, светот ќе плаќа висока цена со години

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Брисел изјави дека алијансата ќе продолжи да дава силна поддршка на Украина за нејзината одбрана од руската агресија, бидејќи во случај на победа на Русија, целиот свет би плаќал висока цена со години.

На прес-конференцијата пред состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Столтенберг рече дека зајакнувањето на поддршката за Украина ќе биде главна тема на тој состанок, чии учесници ќе се занимаваат и со активностите на Кина, зајакнувањето на помошта за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија и прашањето за влезот на Финска и Шведска во алијансата.

Во пресрет на состанокот на дипломатите на НАТО, што ќе се одржи во Букурешт следната недела, Столтенберг рече дека министрите ќе посветат најголемо внимание на „илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност“.

„Рускиот претседател (Владимир) Путин не напредува во Украина и затоа одговара со поголема бруталност. Брановите на намерни ракетни напади врз цивилната инфраструктура ги оставија Украинците во тешка состојба пред зимата. Ужасните напади врз цивили и важна цивилна инфраструктура, вклучително и училиштата и болниците се воени злосторства и оние кои стојат зад нив ќе мора да одговараат“, рече Столтенберг.

Слични содржини