Укренерго: Сите три нуклеарни централи под контрола на Украина повторно во функција

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Сите три нуклеарни централи во делот на Украина под контрола на украинската влада се повторно во функција и приклучени на главната електрична мрежа, соопшти украинската електродистрибутивна компанија Укренерго, објави денеска „Гардијан“.

Извршниот директор на Укренерго, Володимир Кудрики, вчера изјави дека прекините во снабдувањето со електрична енергија ќе бидат однапред објавени доколку нема нагло влошување на ситуацијата.

„Сите три нуклеарни централи кои се наоѓаат на неокупираната територија работат и за еден до два дена ќе го достигнат нормалниот планиран капацитет“, најави директорот на Укренерго.

Слични содржини