130
„Десетмесечно бебе завршило со тешки телесни повреди и хематон на главата, а министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на детската градинка Елизабета Стоименова се обидуваат да го прикријат целиот случај и да прикажат дека се работи за детска игра“, велат денеска од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, Тренчевска и Стоименова се најодговорни за овој инцидент и побараа да си поднесат оставка.
„Ниту едно насилство не смее да се толерира, најмалку насилството врз децата“, кажаа, меѓу другото, од ВМРО-ДПМНЕ.