Ерменија ја моли Франција за помош: Дали Путин губи важен сојузник?

од Nikola Popovski
141 прегледи

Ерменија побарала од францускиот претседател Емануел Макрон да претседава со мировните преговори со Азербејџан, што претставува нов предизвик за намаленото влијание на рускиот претседател Владимир Путин врз регионалните сојузници на Русија во светло на војната во Украина.

Како што пишува „Гардијан“, барањето на Ерменија до Макрон уследи по состанокот на членовите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) што се одржа во средата во Ереван, Ерменија.

На видеото објавено од Гардијан, ерменскиот премиер Никол Пашинјан може да се види како се оддалечува од Владимир Путин, кој стоечлево од него, за време на протоколарната фотосесија, што дополнително ги поттикнало шпекулациите дека Ерменија сака да се дистанцира од Русија.

Ерменскиот премиер тогаш одби да ја потпише декларацијата подготвена на самитот и ја нападна самата ОДКБ – договорот за заемна одбрана потпишан во 1992 година од Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Ерменија.

Договорот ја доби својата сегашна форма во 2002 година и содржи член сличен на оној во Северноатлантскиот договор, во кој се вели дека нападот врз една членка на ОДКБ се третира како напад врз сите.

Пашинјан го налути фактот што ОДКБ не ја бранела Ерменија кога била нападната од Азербејџан во септември, пишува Гардијан.

Двете земји се во спор и вооружен конфликт околу триесет години за Нагорно-Карабах, енклава во Азербејџан каде мнозинството од населението го сочинуваат етнички Ерменци.

Во септемвриските судири загинаа речиси триста луѓе.

„Депресивно е што членството на Ерменија во ОДКБ не ги спречи агресивните дејствија на Азербејџан“, рече Пашинјан за време на самитот во Ереван.

Слични содржини