Захарова: Само до двајца дипломати во непријателските земји

од Nikola Popovski
164 прегледи

Бројот на преостанатите руски дипломати во некои непријателски земји не е повеќе од двајца, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Во однос на амбасадите, нашето дипломатско присуство е всушност сведено на минимум во одредени земји, главно земји од ЕУ кои ги означивме како непријателски. Имаме само еден или двајца дипломати во одредени земји“, изјави Захарова за телевизијата ТВЦ, пренесе ТАС С.

Русија и понатаму е дипломатски присутна во овие земји бидејќи, како што наведе, има граѓани и сонародници, има организации кои секојдневно бараат издавање документи, изводи од матичната книга на родените, пасоши, легализација на преводи и слично.

„Тоа е рутинска работа што мора да се заврши… Работат секој ден“, изјавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

„Москва никогаш не била иницијатор за решавање на проблемите со прекин на односите“, истакнала Захарова.

„Ова е апсурдно, но токму тоа се случува на другата страна“, додала таа.

Слични содржини