На руската државна телевизија се разговараше за планираната руска стратегија за следните децении. Нивни експерти, заедно со изјавите дека украинскиот јазик не постои, наведоа предвидување дека Русија ќе ги припои соседните земји во „еден голем руски дом“, со евентуално проширување на Балканот и Полска.
„Сега, од една страна, многумина имаат причина за очај, но ако ги погледнете работите од друга перспектива, Русија победнички се бори против повеќе од милијарда Западњаци. Цела оваа година Западот не успеа да ја победи Русија. Секој просечен Русин ќе се согласи со мене – имаме топла вода, храна, работа, јавниот превоз функционира. Нашата економија се реконструира“, рече филологот Николај Вавилов во емисија на каналот „Русија 1“.
„Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Украинскиот јазик не постои“
„Всушност, се работи за победа на Русија. За нас нема изолација, особено сега кога ни се приклучи и Кина. Ни се придружија Индија, Југоисточна Азија, Африка и Латинска Америка. Нема изолација бидејќи ние сме победници во оваа масовна специјална операција“, додаде тој.
„Јас сум филолог. Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Украинскиот јазик не постои. Има само украински дијалект. Ви требаат две недели за да го изучите овој дијалект. Во суштина, зошто Западот толку се плаши од нас? Непријателот е пред Москва. И ако Западот не може да направи ништо, за 10, 15 или 20 години ќе ја вратиме целата територија“, рече Вавилов.
Russia's strategy for decades to come is discussed on Russian state TV. Along with the claim that the Ukrainian language does not exist, pundit predicts Russia's absorption of the neighboring countries into "one big Russian home," with eventual expansion to the Balkans & Poland. pic.twitter.com/NfXxnAPozw
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) November 27, 2022
„Во Источна Европа ќе се појави водечка нација“
„Ќе ги припоиме сите оние нации кои тврдат дека се независни во еден голем руски дом. Што значи тоа? Во Европа со 500 милиони жители ќе има колектив од 200 милиони луѓе кои зборуваат руски и кои мирно можат да полагаат право на Балканот, Полска и така натаму“, вели рускиот филолог.
„Има 80 милиони Германци, вклучувајќи Пакистанци, Турци и Арапи. Има 60 милиони Англичани, вклучително и Пакистанци и други. Во Источна Европа ќе се појави водечка нација. Западот нема да може да направи ништо“, додаде тој.
„За 10 до 15 години ќе се појави огромна заедница. Што значи тоа? Тоа значи дека ќе го фрлиме оделото старо 20 или 30 години, истрошеното одело на глобализмот. Треба да го замениме со нова идеологија, нов светоглед, нови општествени и политички структури“, заклучи Вавилов.