Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не смета дека предвремени парламентарни избори се решение за сегашната ситуација.
-Пред нас има многу поважни работи. Треба да се реализира скринингот и да продолжат преговорите со Европската унија. Во овој процес треба да има етничко и меѓуетничо единство, затоа што станува збор за иднината на државата, за иднината на генерациите. И сите треба да инвестираме во таа иднина, изјави Ахмети по денешната Свечена академија по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември.
Во врска со најавите за влез на Алијансата на Албанците во владината коалиција, Ахмети истакна дека целта на таквата идеја е обезбедување на „концентрација во европските интеграции“.
– Целата оваа тема нема врска со теснопартиските интереси. Ова се однесува на усогласување на политичкиот фактор за поголема концентрација во европските интеграции, изјави Ахмети.