Маж со ЛГБТ знаме упадна на терен за време на натпревар во Катар (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
207 прегледи

Маж облечен во маица за поддршка на Иранките и ЛГБТ знаме во понеделникот протрча низ теренот на стадионот Лусаил во Доха за време на натпреварот Португалија-Уругвај на Светското првенство во Катар.

На маичката пишуваше „Почит за Иранките“ и „Спасете ја Украина“, наведува АФП.

Како што јави „Франс прес“ на лице место, човекот бил сопрен од обезбедувањето на стадионот и изнесен од теренот.

Катар како организатор на Мундијалот е цел на многу критики, особено по прашањето за правата на ЛГБТ заедницата.

Хомосексуалноста се смета за незаконска во Катар и може да биде предмет на кривично гонење.

Фото: Getty

Слични содржини