Повеќе од 12 милиони тони жито извезени од Украина

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Повеќе од 12 милиони тони жито се извезени од украинските пристаништа како дел од договорот за жито, соопшти денеска турското министерство за одбрана.

„Повеќе од 12 милиони тони пченица, пченка, јачмен и други земјоделски производи беа извезени преку коридорот за жито. Од понеделникот 501 брод исплови од украинските пристаништа, а веќе 200 бродови со жито пристигнаа на нивните дестинации“, соопшти турското министерство, пренесува ТАСС.

На 22 јули во Истанбул беше потпишан пакет договори за извоз на жито од Украина за 120 дена, а еден од договорите со кои се регулира извозот на жито од пристаништата Одеса, Черноморск и Јужни, контролирани од Киев, требаше да истече на 19 ноември, но турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во четвртокот објави дека договорот за жито е продолжен за уште 120 дена.

Слични содржини