Професор од Белгија продавал прашања на ученички во замена за голи фотографии

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Јавното обвинителство во белгискиот град Антверпен денеска покрена истрага против наставник поради сексуално недолично однесување, по жалбите на неколку ученички од курс за медицински сестри кои тврдат дека им давал прашања за испити во замена за фотографии на кои се голи, објави весникот „Медиахуис“.

Раководството на институтот Синт-Алојзиус во Лиер во Белгија веќе води истрага против тој наставник, кој, како што пишува весникот, наводно имала сексуални односи со некои ученички во подрумот на училишната зграда.

Во септември, неколку ученици, заедно со наставник во кој имале доверба, го изнеле случајот до управата на училиштето. Тие претставиле и докази со слики од екранот и пораки разменети со ученички.

Наставникот негира какво било погрешно или недолично однесување.

Истрагата на јавното обвинителство во Антверпен треба да покаже дали се направени прекршоци.

Слични содржини