216
На 28.11.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Центар, Г.С.(18) од Скопје пријавил дека околу 14.10 часот, додека бил на настава во ДСУ „Спортска академија” на ул.„Димче Мирчев”, во училницата бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во училиштето.
Според пријавеното, причина за тоа е што Г.С. го паркирал возилото во кругот на училиштето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.