Јапонскиот 3D Design е уште еден во низата тјунери кои понудија пакети за модификација на актуелниот BMW M3.
Пакетот, меѓу другото, вклучува нов преден спојлер од јаглеродни влакна, комплет странични прегради, заден дифузер, заден спојлер, сет од 20-инчни алуминиумски тркала со пет краци, издувни цевки од нерѓосувачки челик, како и неколку нови елементи во внатрешноста (нови педали, детали од јаглеродни влакна и алуминиум, патосници…).
Конечно, 3.0-литарскиот шестцилиндричен мотор беше засилен на 570 КС.