Светски познатите брендови воведуваат онлајн купување за Русите

од Nikola Popovski
197 прегледи

Руската поштенска служба ги известила своите сонародници дека од денеска ќе можат повторно да ги нарачуваат и купуваат онлајн нивните омилени американски и европски брендови, како што се Nike, Zara или H&М, пренесува Политико.

Порталот, повикувајќи се на руската агенција Тасс, наведува дека Русите повторно ќе можат да купуваат западна роба директно од веб-страниците на компаниите, плаќајќи со странски или руски кредитни картички.

Во случај на плаќања со руски картички, Пост Глобал, компанија со седиште во Хонг Конг и партнер на Руската пошта, се согласила да ги плати производите со одреден надомест, како начин да ги заобиколи западните санкции против руските банки.

Робата купена на овој начин ќе биде „на чекање до три месеци“ во германските или американските магацини на Post Global, пред да биде испорачана на клиентите во Русија во рок од неколку недели за подалечни области.

Веб-страницата на Post Global ги повика корисниците од Русија да ги посетат најпопуларните онлајн продавници во Америка и Европа каде што се продаваат стотици илјади брендови.

Купувањето вклучува и различни марки на козметика, лего комплети, ајфони, како и делови за автомобили.

Од почетокот на војната во Украина во средината на февруари, стотици западни компании, вклучувајќи ги Nike и H&М, ги затворија своите филијали во Русија.

Компаниите Zara и Lego, не одговорија на барањето на Политико за коментар.

Фото: Image via Getty/Jorge Sanz/SOPA Images/LightRocket

Слични содржини