Русија истрелува невооружени крстаречки ракети дизајнирани да носат нуклеарни боеви глави на цели во Украина во обид да ги исцрпи резервите на противвоздушната одбрана на Киев, изјави висок американски воен претставник.
Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, ги даде коментарите кога беше прашан за коментар за извештајот на британското воено разузнавање во кој се вели дека Русија „веројатно“ ги отстранува нуклеарните боеви глави од крстосувачките ракети и ги истрелува кон Украина, пренесува „Ројтерс“.
„Ова секако е нешто што тие се обидуваат да го направат за да ја намалат ефикасноста на системот за противвоздушна одбрана што го користат Украинците“, рече претставникот.