АРМ испрати војници во НАТО мисии, Петровска: Бидете горди бидејќи сте браникот на современите цивилизациски вредности

од Nikola Popovski
186 прегледи

Вие сте НАТО и вие сте браникот на современите, цивилизациски вредности. Вие сте составен дел од колективната одбрана која овозможува да живееме во мир, безбедност и стабилност, со овие зборови министерката за одбрана, Славјанка Петровска се обрати на денешната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје по повод испраќањето на два вода од Армијата на Република Северна Македонија во борбените групи на НАТО во Бугарија и Романија.

-Бидете сигурни дека сте повеќе од достојни да бидете рамо до рамо со вашите сојузници зашто вашиот професионализам е видлив, а вашата мотивација висока. Вие сте еднакви меѓу еднаквите и тоа нека биде уште еден мотив да покажете дека Северна Македонија има професионални војници, подофицери и офицери кои се составен и активен дел од нашиот безбедносен чадор – колективната одбрана, истакнала Петровска.

На припадниците на Армијата упатени во овие две борбени групи им упати порака да бидат горди на себе зашто се браникот на современите цивилизациски вредности и се составен дел од колективната одбрана која ни овозможува да живееме во мир и безбедност.

„Покажете сè што знаете и умеете зашто вашиот професионализам е видлив, а вашата мотивација висока. Помогнете во колективните напори за зацврстување на безбедноста на НАТО и вратете се дома кај своите семејства. Ве очекуваме со уште поголемо искуство и посилен мотив да продолжите секојдневно да работите за просперитетот на својата нација“, порача Петровска.

Слични содржини