166
Во Украина денеска беа издадени предупредувања за воздушни напади, откако украинските власти соопштија дека Русија подготвува нов бран ракетни напади.
„Во Украина е на сила општа тревога за воздушен напад. Одете во засолништа“, напиша граничната служба на земјата на Телеграм, пренесе „Ројтерс“.
Во октомври Русија започна масовни воздушни напади врз украинските градови.