180
Советникот на украинскиот претседател Зеленски, Михајло Подољак, изјави дека од почетокот на војната во таа земја загинале меѓу 10.000 и 13.000 војници, во едно од ретките соопштенија за бројот на жртви.
Зборувајќи за украинскиот телевизиски канал Канал 24, Подољак рече дека Киев „отворено зборува за бројот на убиените“, пренесе Би-Би-Си.
„Имаме официјални проценки од Генералштабот, официјални проценки на врховниот командант (претседателот на Украина Владимир Зеленски) и тие се движат од 10.000 до 12.500-13.000 убиени“, рече Подољак.