Родители со позитивни реакции за проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Од основните училишта во општините Центар и Шуто Оризари, вчера започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го реализира преку програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи.

МЗШВ обезбедува здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта.

Реакциите за оваа нова мерка се позитивни и граѓаните ја поздравуваат и велат дека треба почесто да се спроведуваат вакви иницијативи, особено што на овој начин позитивно се влијае на здравјето на најмладите.

„Пријатно сум изненадена и ја поздравувам иницијативата на Министерството за земјоделство. Се надевам дека и во иднина ќе се продолжи со вакви акции кои се пред сè од големо значење за нашите деца и за нивното здравје.“, изјави за Агротим родителка од основното училиште „11 Октомври“ од скопската општина Центар.

Слични содржини