„Постои шанса за НОВ СОЈ НА ВИРУСОТ“ Тедрос: 90 проценти од светската популација има имунитет на коронавирусот

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Пропустите во стратегиите за борна против Ковид- 19 оваа година продолжуваат да создаваат совршени услови за појава на нова смртоносна варијанта, во време кога во делови од Кина се сведоци на раст на бројот на заразени, рече директорот на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус во петокот.

Гебрејесус со таа изјава го смени тонот само неколку месеци откако рече дека светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата.

„Ние сме многу поблиску до тоа што можеме да кажеме дека главната фаза на пандемијата заврши, но сè уште не сме стигнале до тоа – рече Тедрос во петокот.

СЗО проценува дека околу 90 проценти од светската популација денес има одредено ниво на имунитет на Ковид-19, или заради претходната инфекција или вакцинацијата.

– Отсуството на тестирање и вакцинирање продолжува да создава совршени услови за појава на нови загрижувачки варијанти што можат да предизвикаат значителна смртност – рече Гебрејесус.

Слични содржини