Наскоро ќе може да се вршат повици за време на летот

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Патниците во Европската унија од следната година ќе можат да користат мобилни телефони за време на летот. Европската комисија одлучи дека авиокомпаниите можат да нудат 5G технологија во авиони, со побавно користење на мобилни податоци.

Тоа значи дека патниците повеќе нема да треба да ги поставуваат своите телефони на „Airplane mode“ за време на летот и ќе можат да остваруваат повици и да користат апликации. Членките на ЕУ имаат рок до 30 јуни следната година да ја направат достапна 5G мрежата.

Тиери Бретон, комесар за внатрешен пазар на ЕУ, рече дека планот „ќе им овозможи на луѓето пристап до иновативни услуги“ и ќе им помогне на европските компании да растат економски.

„Небото повеќе не е граница кога станува збор за можностите што ги нуди супербрзата поврзаност со голем капацитет“, пренесe Би-Би-Си.

Слични содржини