Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Мурал на познатиот графити уметник Бенкси остана недопрен, откако група луѓе се обиделе да го украдат од ѕидот на зградата во Украина разурната од војна, пишува Би-Би-Си.

Групата отсече дел од таблата и гипсот што го држеше делото на Бенкси на жена со гас-маска, изјавија официјални лица.

Полицијата соопшти дека на лице место во Хостомел биле уапсени неколку лица и дека сликата била вратена. Тоа беше едно од неколкуте дела што британскиот уметник ги направи во Украина минатиот месец. Работата на Бенкси е неоштетена и полицијата ја заштитува, изјави во Телеграм гувернерот на Киевската област Алексеј Кулеба.

„Овие слики се, на крајот на краиштата, симболи на нашата борба против непријателот“, рече тој. „Ова се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме се за да ги зачуваме овие дела од улична уметност како симбол на нашата победа“.

Полицијата објави слики од жолт ѕид во Хостомел, со голема дупка исечена на тули.

Минатиот месец, Бенкси објави видео на кое се гледа неговата работа во Украина и луѓе кои вршат секојдневни задачи на згради уништени од гранатирање во Украина. Градовите каде што е претставено уметничкото дело беа меѓу најтешко погодените на почетокот на руската инвазија на Украина, вклучувајќи ги Хостомел, Хоренко и Бородјанка. На видеото се гледа и машка рака која создава слика на ѕидот – се разбира во стилот на Бенкси, неговото лице не се гледа и никогаш не е прикажано.

Да потсетиме, на еден од муралите во Украина е прикажана гимнастичарка како прави стој на раце среде остатоци, во Бородјанка. На друг се гледа како Владимир Путин е фрлен на под од дете на натпревар во џудо.

Бенкси е еден од најпознатите светски уметници, кој се прослави со шаблонски дизајни низ Бристол во раните 1990-ти, но и покрај светските следбеници, идентитетот на уметникот останува непознат.

Медиумите често го опишуваат како „недофатлив“ и „таинствен“, „герила уличен уметник“ кој има легија обожаватели меѓу кои има познати личности од А-листата.

Ова не е прв пат уметничкото дело на Бенкси да биде на цел. Во 2019 година, банда со качулка украде уметничко дело на Бенкси од вратата за итни случаи во Батаклан во Париз, користејќи аголни брусилки.

Делото подоцна беше пронајдено во Италија.

Други мурали на Бенкси, на пример некои во Велика Британија, се покриени со пластична обвивка за да се заштитат од оштетување или вандализам.

Слични содржини