Кучињата се порелаксирани кога патуваат во електричен автомобил отколку во возило со дизел мотор, покажуваат најновите британски анализи.
Компанијата CarGurus, во соработка со англискиот универзитет во Линколн, направи студија која ги проучуваше ефектите од патувањето на кучињата со дизел автомобил во споредба со електричното возило.
Дводневната анализа опфатила 20 кучиња, од кои секое било однесено на две патувања со автомобил од по 10 минути, едно со електрично возило и едно со дизел, пренесоа британските медиуми.
Нивното однесување беше анализирано за време на патувањето. Студијата предводена од Даниел Милс, професор по ветеринарна бихејвиористичка медицина на Универзитетот во Линколн, покажа дека кучињата се понемирни во дизел автомобилите во споредба со електричните возила. Утврдено е дека се намалени и знаците на болест при движење додека возите електрични автомобили.
Анализата исто така покажа дека нема докази кои укажуваат на тоа дека електричните возила имаат штетно влијание врз благосостојбата на кучињата. Кучињата во студијата лежеа околу една третина од патувањето во двата автомобили, но кај дизел возилата кучињата ги менуваа позициите во просек 50 проценти повеќе пати отколку во електричното возило.
Оваа разлика веројатно се должи на промената на нивоата на вибрации, се вели во студијата.
Милс, професор по ветеринарна бихејвиорална медицина, рече дека резултатите од истражувањето јасно покажуваат дека кучињата се порелаксирани во електричните возила.