Пораката на Сократ до НЕСРЕЌНИТЕ: Што велел ГРЧКИОТ МУДРЕЦ за СРЕЌАТА?

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Велат дека секогаш е добро онаму каде што не сме во моментот и дека секогаш е лошо таму каде што сме сега.

Директорка на маркетинг агенција има завршено два факултета и има толкава плата што секој месец може да купи нов стан. Таа живее на луксузна локација, ги вози најдобрите автомобили и три пати годишно оди во најдобрите одморалишта во светот.

Сепак, таа јавно признава дека е несреќна. Таа нема сопруг, нема деца, а тој што го чекала – се оженил неодамна.

„Да бев малку поглупава, ќе бев среќна. Немаше да размислувам за ситници, ќе се омажев за првата личност што ќе дојде, ќе родев три деца, едно по друго. Секој ден ќе размислував само за тоа на кое му излегле заби, а кога да ги пресоблечам и да ги хранам“, вели таа.

„Дали така сакаш да живееш?“, доаѓа прашањето.

„Да, како и сите други. Како оние семејства во рекламите кои седат на маса додека нивната мајка прави палачинки. Сакам да бидам таа мајка“, вели таа, несвесна за фактот дека тие луѓе во рекламите сакаат да живеат како неа.

Една жена не можеше да роди дете. Со години живеела со својата голема љубов од средно. Имале пари, па по пет години неуспешни обиди отишле на инвитро, кое го одложило процесот за уште пет години.

Докторот и рекол да проба со друг маж, бидејќи таа и нејзиниот сопруг „можеби не биле генетски компатибилни“.

Го оставила сопругот и во очајна желба да роди дете, нашла друг маж, па трет и така натаму. Конечно, по неколку години обиди, таа раѓа дете со деформитет.

Во тишината на спалната соба, таа и се доверува на мајка си дека тоа воопшто не е она што таа го сакала. Таа беше несреќна.

Но, што е среќа?

Мудриот Сократ рекол:

„Обичната логика вели: ако си несреќен – тогаш немаш среќа. Ако немаш среќа, тогаш побарај ја.

Парадоксалната логика вели: ако ја бараш среќата, тогаш ќе ја изгубиш.

Затоа е најдобро само да седиш и да сфатиш дека среќата е она што го имаш“.

Слични содржини