ПОСЛЕДНИТЕ неколку месеци не беа лесни за Шакира. Бројните драми поврзани со нејзината разделба со Жерар Пике и обвинувањата за даночни затајувања се само дел од скандалите, а неодамна се шпекулира и за нејзината наводна нова љубов.
Неверствата на Пике ја направи ранлива, а откако беше потврдена неговата врска со Клара Чиа, започнаа шпекулациите за новата љубов на пејачката, пренесе „Marca“.
Пред неколку дена се појавија гласини дека е во врска со инструктор по сурфање, но Шакира категорично демантираше и испрати силна порака до медиумите да стават крај на гласините.
„Од почит кон моите деца и ранливото време низ кое минуваат, барам од медиумите да престанат да шпекулираат“, рече таа и додаде: „Немам партнер и ништо друго освен целосна посветеност на моите деца и нивната благосостојба.“.
Се шушка дека инструкторот за сурфање долго време му држи лекции на семејството, а го подучувал и Пике.